Вега Технологија
Политиката на Фондот е насочена кон вложување во реномирани компании од секторот технологија како и технолошки компании кои се високо иновативни и се наоѓаат во фаза на развој. Доминантно портфолиото ќе биде составено од т.н. “технолошки гиганти” кои се дел од светските берзантски индекси, истото ќе биде надополнето со технолошки компании од кои се очекува да станат битен фактор во овој сектор. Инвестициските одлуки ќе се темелат на дискреционо селектирање на издавачи на финансиски инструменти, кои се занимаваат со развој и продажба на производи, процеси или услуги, за кои постои голема веројатност дека на долг рок ќе создадат или профитираат од иновации и технолошки развој. Притоа, Инвестирањето на фондот ќе биде фокусирано на индустрии кои спаѓаат во технолошкиот сектор, односно производство на компјутерски хардвер, компјутерски софтвер, комуникациска опрема, електронски компоненти, електронски уреди, мрежна инфраструктура, дистрибуција на електронска и копјутерска опрема, опрема за компјутерски истражувања и други индустрии кои се класифицирани во сектор технологија.