Нашиот тим го сочинуваат стручни, лојални и искусни луѓе, кои ја делат страста кон финансиските пазари.

САШО ДРАКУЛОВСКИ

САШО ДРАКУЛОВСКИ

ГЛАВЕН ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР

м-р Сашо Дракуловски е Главен извршен директор на Вега фондови АД Скопје. На функцијата доаѓа како врвен и искусен експерт од областа на менаџментот и финансиските пазари и истата ја извршува од формирање на Друштвото.
Неговите лидерски способности се препознаваат во бизнис заедницата преку долгогодишното професионално и менаџерско искуство кое го градел на највисоки раководни позиции, односно како извршен директор во Брокерската куќа Еурохаус АД Скопје од 2008 до 2018 година, постигнувајќи одлични резултати, раст и развој на компанијата и задоволни клиенти. Во 2020 година е назначен за претседател на Одборот на директори.
Исто така позицијата на главен извршен директор една година успешно ја извршувал во осигурителната компанија Сава осигурување АД Скопје, одговорен за целокупното работење а посебно во делот на продажбата, финансии и HR менаџмент.
Сашо емагистер по економски науки од областа на менаџментот и специјалист по корпоративно управување. Воедно е и брокер и инвестиционен советник (со дозвола за работење како брокер и дозвола за инвестициски советник издадени од Комисијата за хартии од вредност).
Од особено значење е и неговиот придонес како потпретседател во Кошаркарската федерација на РМ во периодот 2015-2019 година.

ЈОВАН ДОЈЧИНОВСКИ

ЈОВАН ДОЈЧИНОВСКИ

ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР

Јован Дојчиновски е Извршен директор на Вега Фондови АД Скопје.

На оваа позиција доаѓа на 15 мај 2022 година, со стекнато 21-но годишно искуство во областа на пазарот на капитал и финансискиот пазар, каде учествува во креирањето на целокупното работење, предлагање на основите на деловната политика, претставување на Друштвото во односите со трети лица и други работи согласно закон.

Неговата професионална кариера започнува во 2001 година, во брокерската куќа БРО-ДИЛ АД Скопје како брокер, понатаму и како извршен член во Одборот на директори на брокерската куќа. Во 2005 година преоѓа во УНИБанка, во дирекцијата за трежери, дилинг и хартии од вредност, каде во 2008-та е унапреден во Раководител во Дирекција за работа со хартии од вредност.

Во јуни 2011 година, ангажиран е како советник во секторот за продажба на Илирика Фунд Менаџмент АД Скопје, како надворешен соработник за продажба на удели. Наредната 2012-та година, станува Втор Извршен директор и извршен член во Одборот на директори на Илирика ФМ. Како успешна компанија, со континуиран раст и развој, на крајот на 2020 година, Друштвото беше преземено од Генерали Инвестментс АД Скопје. Таму останува, на позицијата одговорно лице за индивидуални клиенти со портфолио, до доаѓањето во Вега Фондови АД Скопје.

Има стекнато образование-звање МБА Специјалист за стратегиски менаџмент и има посетувано бројни обуки од областа на финансиите и менаџмент.

ВАСКО МИТЕВ

ВАСКО МИТЕВ

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОДБОРOT НА ДИРЕКТОРИ

Васко Митев е Претседател на Одборот на директори на Вега фондови АД Скопје. Оваа функција ја извршува од формирање на Друштвото. Тој е експерт во брокерската индустрија, токму како брокер во Комерцијална Банка ја започнува својата професионална кариера. Од 2008 година тековно до денес работи како Извршен директор на Илирика Инвестмент АД Скопје. Присуствувал на бројни регионални семинари и конференции а посетувал и завршил различни обуки во земјите од Југоисточа Европа за Инвестициско банкарство, Корпоративни финансии, M&A I due diligence. Тој е учесник и предавач на повеќе семинари и конференции организирани од КХВ, Македонска Берза и Стопанската комора каде се има стекнато со уверение за работа со хартии од вредност, уверение и меѓународни лиценца за инвестициски советник.

Тој е дипломиран економист, на отсекот-финансиски менаџмент.

СТЕФАН СТЕПАНОСКИ

СТЕФАН СТЕПАНОСКИ

НЕИЗВРШЕН ЧЛЕН НА ОДБОРOT НА ДИРЕКТОРИ

Стефан Степаноски е Неизвршен член на Одборот на директори. Има повеќе од 10 години работно искуство како брокер, почнувајќи од 2005 до 2009 година во Брокерската куќа  Илирика АД Скопје каде е задолжен за сегментот тргување со хартии од вредност, акции и обврзници, одговорен за ВИП клиенти на куќата, прием на клиентите и секојдневна комуникација со цел постигнување најдобра услуга. Истата работна позиција-брокер  успешно ја извршува во Еурохаус АД Скопје од 2009 до 2018 година а веќе од 2018 година тековно до денес денес ја извршува функцијата на извршен директор во истата Брокерска куќа која бележи големи успеси и секоја година го зголемува своето пазарно учество во континуирано тргување на Македонската берза.

Тој е магистер по право од областа на интелектуалнта сопственост.