Повеќе да знам

КАКО ДА ПРИСТАПАМ?

1 Чекор: Направате свој план

Направете си план колку можете да инвестирате и колкав ризик сте спремни да поднесете.

2 Чекор: Пристап во фондот

Посетете нѐ во седиштето на друштвото и пополнете Пристапница и Барање за купување на удели на фондот. Пристапницата е бесплатна и се пополнува само пред првата уплата во фондот.

За пристапување во фондот, со себе земете:

  • Физички лица:

– лична карта или пасош и доказ за отворена денарска тековна сметка во банка

  • Правни лица:

-регистрација од централен регистар (копија) и

фотокопија од лична карта или пасош на овластениот застапник (директор).

3 Чекор:Уплата во фондот

Зависно од типот на вложување кој сте го одбрале, вршите уплата на сметката на фондот во НЛБ Тутунска Банка.

Инвеститорите имаат 2 начини на уплата:

  • Еднократна уплата (Инвеститорите вложувањето ќе го прават наеднаш)
  • Инвестициски план (Инвеститорите можат да инвестираат преку повеќе уплати во одреден временски период)

 4 Чекор: Прием на потврда, каде е впишан бројот на удели на фондот што сте ги купиле

Секое купување на удели на фондот се одвива по методот на непозната цена.Тоа значи дека купувате соодветен број на удели на фондот, според нивната вредност на денот на приемот на уплатата во фондот.

Во случај уплатата да пристигне во фондот до 14 часот, удели на фондот се купуваат по нивната вредност на денот на уплатата, која ќе биде пресметана еден работен ден по уплатата. Во случај уплатата да пристигне во фондот до 14.часот, удели на фондот се купуваат по нивната вредност од следниот работен ден по уплатата, а ќе се пресметаат два работни дена по уплатата.

5 Чекор: Кога ви требаат пари доставувате барање за исплата

Кога ви требаат пари, едноставно нарачајте исплата од фондот. Може да се исплатат сите удели или само дел од уделите на фондот.

КАКОВ ТИП НА ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНД Е ЗА ВАС?

При одлуката важно е да тргнете од неколку насоки односно:
Кога ќе ви бидат потребни средства и должина на инвестирањето?
Ваша едноставна обврска е да бидете искрени, а финансискиот советник врз основа на она што го има како информации за вас, вашите мотиви за инвестирање би ви помогнал да направите добар финансиски план за иднината.
Каков ризик сте спремни да толерирате?
Ова е клучното прашање кое треба да си го поставите кога бирате тип на инвестициски фонд. Доколку сте личност која не би можела(сакала) да има поголеми осцилации на вашите средства тогаш најдобро би било да се избегне акцискиот инвестициски фонд. Од друга страна пак, доколку сакате поголем принос(добивка) и притоа да преземете умерен и пресметан ризик на осцилации на средствата, паричните и обврзничките фондови нема да ви бидат доволно атрактивни. Затоа контактирајте не и искористете ги нашите квалификувани кадри кои ќе ви дадат стручен финансиски совет и воедно помогнат да го изберете соодветниот тип на инвестициски фонд за вас.
Кој ризик го имате со вашите заработки?
Под ова се подразбира каков тип на работа имате(хонорарна, за плата, приватен бизнис..), колкава ви е висината на заработката на месечно/годишно ниво и вредност на претходни инвестиции или имот. Доколку имате нестабилна заработка, тогаш најдобро е да имате некој дел од вашите заштеди во паричен фонд, за да имате од каде да подигнете средства доколку ви се потребни.

ТИПОВИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНДОВИ

Парични фондови
Доколку имате пари на трансакциска сметка, а не ви се потребни наредна недела/месец/година, не двоумете се, слободно вложете ги во ваков фонд и гледајте како дневно ви расте добивката. Најголема придобивка од овој тип фондови е што ќе остварувате атрактивен принос а нема да плаќате влезни или излезни провизии за вадење или повторно вложување на вашите средства. Паричните фондови всушност претставуваат штедна сметка но со многу подобра камата од орочените депозити во банка за истиот период што ќе ги оставите.Тоа е така бидејќи каматата ја добивате пресметана на дневно ниво. Средствата ви се достапни со навремено барање(најчесто еден ден однапред) од Друштвото. Значи ова е најдобар начин да добиете искуство со фондовите, со никаков ризик и со стабилен раст на средствата.
Обврзнички фондови
Претставуваат едни од најстабилните пласмани на средства и единствен ризик да се изгубат парите е доколку издавачот на обврзницата пропадне/банкротира(државата од која е купена обврзницата или таа корпорација што издала обврзници). Овие фондови се ниво погоре во однос на потенцијалната камата и превземениот ризик, Ја имаат истата достапност на парите како и кај паричните фондови но поради осцилациите на обврзниците препорачлив е за среднорочен пласман на парите(1,5-5години). Доколку имате орочени средства на депозити, не двоумете се, разорочете го и вложете го во ваков тип на фонд. Ќе добиете многу подобра добивка со истата сигурност на средства што ви се во банка.
Акциски фондови
Основна цел им е остварување на повисок принос на долгорочен период.Доколку имате одреден степен на толерантност и можете да инвестирате повеќе од 10 години овој тип на фонд дефинитивно ќе ви ги задоволи апетитите.Преку овие фондови башите средства ќе се вложуваат во акции од различни компании. Најчесто портфолиото на компании се состои од различни сектори, различни земји и континенти се со цел да се намали ризикот што е можно повеќе.
Отворени фондови
Отворените инвестициски фондови прибираат средства издавајќи удели, а потоа прибраните средства ги инвестираат во различни финансиски инструменти (акции, обврзници, депозити во банка, итн.). Кога ги доверувате вашите пари на Друштвото, всушност станувате сопственик на удели во фондот. На ваше барање, Друштвото за управување е должно да врши откуп на удели за сметка на фондот.
Затворени фондови
Затворен инвестициски фонд е акционерско друштво коешто се основа за прибирање на парични средства по пат на јавна понуда на акции и вложување на тие средства при што се применува принципот на диверзификација на ризикот. Специфичноста на затворените инвестициски фондови е тоа што тие издаваат акции, а не удели како отворените инвестициски фондови и тоа на краток рок. Вложувањето во затворен инвестициски фонд е исто како купување акции од некоја компанија. Најчесто тоа се прави со јавна понуда на акции, што значи дека сите што се заинтересирани можат да инвестираат дел од своите пари во акции на овој фонд. Доколку се собере помал износ, во тој случај им се враќаат парите на инвеститорите. За разлика од затворените, кај отворените инвестициски фондови во секој момент може да се купат нови удели, бидејќи фондот ќе издаде нови удели и за тој износ ќе го зголеми својот имот.

ДАЛИ СЕ СИГУРНИ ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ФОНДОВИ?

Убедени сме дека барем еднаш во животот сте помислиле да инвестирате но не сте го направиле тоа поради помислата за несигурноста на истите. Но без грижа! Инвестицисиките фондови се сигурни и се под строга контрола во државите во кои функционираат. Имате безброј прашања за тоа каде одат вашите пари и што се случува со нив што е и нормално. Таа сметка на која што се уплаќаат средствата од сите инвеститори заедно, е чувана и контролирана од банка-чувар на имот(Депозитрна банка) и таа сметка е сосема различна од сметката на Друштвото што ги управува фондовите. Надзорот над Друштвото за управување го вршат овластени лица вработени во Комисијата за хартии од вредност. Доколку по извршениот надзор се утврдат неправилности односно прекршување на законските и подзаконските акти овластените лица се должни да му укажат на друштвото за управување, а доколку не се постигне некаква согласнот да се поведе прекршочна постапка и да се изрече прекршочна санкција во согласнот со законските одредби.
Контролата над работењето на друштвото за управување може да се изведе посредно(преку
континуирано следење на извештаите и другите документи кои друштвото е должно да ги има), непосредно(преку вршење директен увид на податоците од редовното работење на друштвото во неговите работни простории). КХВ може да го известува друштвото за датата и предметот на контрола(редовна) и да не го известува истото(нередовна контрола). Секако за успешната и беспрекорна контрола КХВ располага со квалификуван, обучен и стручен кадар кој ќе одговара навремено, совесно, непристрасно и чесно на зададените задачи.

Често поставувани прашања

Што е инвестициски фонд?
Инвестициски фонд се здружени парични средства наменети за инвестирање, прибрани од инвеститори преку јавен повик илиприватна понуда, со кои за сметка на инвеститорите управува Друштво за управување со фондови.
Дали постои можност средствата од фондот да пропаднат?

Сите знаеме дека не сите акции, обврзници, депозити постојано растат во нивната вредност. Додека на некои им расте вредноста на останатите може им опаѓа. Да постои ризик од осцилација на цената на уделот. НО тоа не значи дека ќе ви пропаднат парите! Само дека во одреден период да имаат помала цена уделите што сте ги купиле. А парите би ги изгубиле само ако сите акции, обврзници, депозити пропаднат што е РЕЧИСИ НЕВОЗМОЖНО за квалитетно портфолио.

Дали едно лице може да инвестира во повеќе фондови?

Да.

Кои права му се гарантираат на сопственикот на удели?

На сопственикот на удели во фондот му се гарантираат следниве права:
– право на информираност;
– право на дел од добивката на фондот;
– право на продажба на уделите од фондот, односно обврска за откуп на удели од страна на Друштвото; и
– право на исплата на дел од ликвидационата маса на фондот.

Каде се вложуваат средствата на инвестицискиот фонд?

Една од главните предности на инвестициските фондови е можноста за распределување на парите на инвеститорите во многу инструменти односно диверзификација на ризикот.

Секој фонд има различна инвестициска политика, која е пропишана во проспектот на секој фонд, каде се наведени видовите на финансиски инструменти во кои може да се вложат средствата на фондот.

Што е Друштво за управување со инвестициски фондови?

Друштвото за управување со инвестициски фондови е акционерско друштво со седиште во Република Северна Македонија, кое има добиено дозвола од Комисија за хартии од вредност за вршење на работи за основање и управување со инвестициски фондови. Друштвото управува со средствата на фондот согласно инвестиционата политика на фондот, која внимателно ја избира соодветната инвестиција која има потенцијал за раст на пазарната вредност. Инвестиционата политика на одреден фонд е детално опишана во Проспектот на фондот.

Кој ги чува средствата на инвестицискиот фонд?

Сметката на која се уплатуваат средства од сите инвеститори заедно е чувана и контролирана од банка-чувар на имот(Депозитарна банка) и таа сметка е сосема различна од сметката на Друштвото што ги управува фондовите.

Што се удели?

Удел во инвестициски фонд претставува сразмерен пресметковен дел од вкупната вредност од инвестицискиот фонд. Вие како сопственици на удели имате право на сразмерен дел од добивката на фондот, како и во секое време да побарате исплата на уделот и на тој начин да истапите од фондот.

Уделот во инвестициски фонд е всушност исто како и акциите кај компаниите. Со секој удел вие сте индиректен сопственик во секоја од компаниите во која што инвестира менаџерот на фондот. Можете да одлучите да ги продадете своите удели или да ги оставите да растат и понатаму.

Дали може да се инвестира за малолетно лице?

Да.

Кој врши контрола и надзор над работењето на Друштвото за управување?

Комисијата за хартии од вредност издава решение за дозвола за работење и ја надгледува работата на друштвото за управување и инвестициските фондови.