Ние во Вега Фондови силно веруваме дека само компании со позитивна корпоративна култура може да бидат стратешки иновативни.

Со цел да се одржи позитината корпоративна култура тимот на Вега Фондови ги негува следните вредности:

Етика

Етичкото работење е нашата ѕвезда-водилка во одржувањето на безбедноста, угледот и интегритетот. Се залагаме за постапување кое ќе оневозможи донесување или спроведување на одлуки со кои Вега фондови може да биде поврзана со незаконско и несоодветно однесување. Максимално се почитува важечката законска регулатива.

Лојалност кон клиентите

Ние сме свесни за одговорноста што ја имаме кон нашите клиенти. Тие ни ја даваат својата доверба, а ние сме тука да ја оправдаме истата. Гарантираме целосна сигурност и безбедност и се разбира професионално финансиско советување.

Транспарентност

Навремено обезбедување на податоци и информации и во согласност со меѓународните признати стандарди, методологии и добри практики.

 

ESG Интеграција

Нашиот тим смета дека ESG претставува значаен дел од миксот на вредности врз кои се потпираме. Нашата цел е да ги аплицираме најдобрите ESG (environmental, social and corporate governance) практики на секое ниво.

Мотивација на вработените

Постојаната мотивација на вработените и овозможувањето на рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот живот создаваат темели за продуктивна и посветена работа. Негуваме култура на отворена комуникација во рамките на нашето друштво и постојано ги вклучуваме вработените во давањето на нови идеи и мислења.