Мисија и визија

Цел

Нашата цел е преку однапред дефиниран инвестициски процес, детална анализа, континуитано следење на пазарите и потрага за нови инвестициски можности, да создадеме континуиран и одржлив раст на финансискиот имот на нашите клиенти.

 

Мисија

Нашата мисија е  да градиме и одржуваме  долгорочни односи со нашите инвеститори преку успешно управување со нивните средства се со цел обезбедување висококвалитетни услуги со долгорочни приноси. Овозможуваме диверзифицирани можности, со највисоко ниво на прецизност кои ќе ги исполнат очекувањата и барањата на нашите клиенти. Го искористуваме целиот наш потенцијал, искуство и знаење, перманентна експертиза  на сите финансиски пазари и региони, максимална посветеност и достапност во секое време, сето тоа во најдобар интерес на нашите инвеститори.

 

Визија

Со реализација на прогресивни идеи од својот домен и прагматични инвестициски одлуки се стремиме да обезбедиме лидерска позиција на македонскиот пазар на инвестициски фондови. Нашите критериуми за лидерство се:

  • Професионализам и квалитет: Вашите средства ќе бидат во сигурни раце на нашите експерти кои одлично си ја познаваат својата професија и работат со страст кон истата.
  • Интегритет и објективност: Ние сме чесен тим кој им служи на нашите клиенти врз основа на вредности и принципи.
  • Тимска работа: Тимската работа ни помага да пружиме врвни инвестициски решенија за нашите инвеститори.
  • Посветеност: Нашата посветеност кон работата видно се рефлектира на услугите кои ги испорачуваме.
  • Соработка со клиентите: Се фокусираме на потребите на нашите клиенти и обезбедување алатки за нивно задоволување.