Инвестиционо советување

Нашиот тим од врвни професионалци ви дава советување прилагодено на вашите потреби кое ќе ви помогне да ја донесете правилната одлука за инвестирање.

Први чекори за инвестиционо советување:

  • Воспоставување на соработка
  • Одредување на профил на клиентот

По запознавањето на клиентот, неговите аспирации за инвестирање, потреби и ограничувања, се дефинира инвестициската политика врз основа на која клиентот добива препораки за одреден вид инвестиција. Воедно му се укажува на ризиците кои постојат во рамките на процесот на инвестирање.

Совети за инвестирање

Врз основа на инвестиционата политика на клиентот, испорачуваме совети односно препораки за инвестиција кои претставуваат најдобра опција за него, се со една цел-остварување на замислените финансиски цели. Клиентот има целосна поддршка во текот на целиот процес, постојан контакт со  нашите финансиски советници како и целосна транспарентност на трошоците и целокупната соработка.