Информации за Друштвото и нашето работење

Друштвото за управување со инвестициски фондови ВЕГА ФОНДОВИ АД СКОПЈЕ е формирано на 26.04.2021 година со основна главнина од 130.000 евра и запишано во Трговскиот регистар под матичен број 7515618 на 06.07.2021 година. На 14.10.2022 година запишано е зголемување на основна главнина на 154.800 евра.

Друштвото доби одобрение за работа од страна на Комисијата за хартии од вредност со решение број У П 1 08-5 од 29.06.2021 година, со единствен предмет на работење основање и управување на отворени инвестициски фондови односно вложување на парични средства во свое име и за сметка на сопствениците на удели во отворените инвестицики фондови со кои управува. Моментално Друштвото управува со 4 инвестициски фондови.

Седиштето на Друштвото е на булевар Св. Климент Окридски бр.45 кат 1 локал 10 во Скопје, Република Македонија.

Вега фондови АД Скопје го менаџира капиталот на мноштво клиенти од земјата и странство, со ветувачка цел, конзистентност, стабилност и доследна ориентираност кон управување на вашите средства. Нашиот тим од инвестициски советници е посветен за ефективна и ефикасна соработка преку која ви помагаме да ги дефинирате, толкувате и постигнете вашите цели преку нашиот спектар на инвестициски можности.

Зошто да инвестирате во инвестициски фонд?

1. Создавање капитал за посигурна финансиска иднината за себе и семејството (образование, сопствен бизнис, купување автомобил, решавање станбено прашање)

2. Остварување атрактивна добивка со умерен ризик на вашите средства

3. Одлична замена за краткорочни и среднорочни депозити во банка, доколку ги имате. Чувањето огромни суми на пари во депозити во банките, кога каматните стапки се ниски, не го зголемуваат вашиот капитал. Наместо тоа, информирајте се за поволностите и бенефитите на инвестициските фондови, доверете ги вашите средства и осварете профит.

Зошто Вега фондови?

Затоа што се стремиме да изградиме долготрајна соработка со вас, проследена со алоцирање и менаџирање на вашите средства, гледано од лична и бизнис перспектива.

Нашите експерти срдечно би сакале да ви го олеснат патот до вашиот избор на инвестиција. Ние сме вашиот БЕСПЛАТЕН финансиски советник. Се што треба да направите е да не контактирате, а ние одвојуваме време за да ве сослушаме и да ги разбереме вашите барања.