Вега Финансии

Политиката на Фондот е насочена кон вложување во реномирани компании од секторот финансии како и компании кои воведуваат новитети во светот на финансии и кои се карактеризираат со иновативност во работењето. Доминантно портфолиото ќе биде составено од т.н. “традиционални финансиски институции” кои се дел од светските берзански индекси, имаат долга историја на постоење и се добро препознатлив бренд во секторот. Портфолиото ќе биде надополнето со компании кои се суб-контактори на големите финансиски институции, кои воведуваат иновации во светот на финансии од кои се очекува да станат битен фактор во овој сектор. Инвестициските одлуки ќе се темелат на дискреционо селектирање на издавачи на финансиски инструменти, кои се занимаваат со развој и кои нудат неопходни услуги во овој сектор, за кои постои голема веројатност дека на долг рок ќе создадат или профитираат од добриот углед кој го креираат за себе и иновациите. Притоа, Инвестирањето на фондот ќе биде фокусирано на индустрии кои спаѓаат во финансискиот сектор, односно глобални банкарски групации, осигурителни компании, рејтинг агенции, кредитни услуги, компании за управување со средства, брокери и други индустрии кои се класифицирани во сектор финансии.

Приказ на видови ризици и оценка на нивно влијание врз Фондот:

Вид на ризик

Степен на влијание

Пазарен ризик

Висок

Каматен ризик

Низок

Кредитен ризик

Низок

Ликвидносен ризик

Низок

Валутен ризик

Среден

Ризик од промена на даночните прописи

Низок

Политички ризик

Низок

Ризик од промена на регулативата

Низок

Ризик од друга договорна страна

Низок

Оперативен ризик и Ризик поврзан со чување на имотот на фондот

Среден