Вега Кеш

Доминантно портфолиото на фондот ќе биде составено од ликвидни инструменти кои може во брз рок и без поголеми загуби да бидат ставени на располагање со цел исполнување на обврските на фондот. Инструменти кои ги задоволуваат тие карактеристики се парични средства, депозити со рок на достасување до 1 година. Како дополнување на портфолиото во може да се користат и должнички инструменти кои имаат висока ликвидност и кои може лесно да се претворат во парични средства. Должничките инструменти може да се користат во насока на обезбедување поголем принос за инвеститорите без при тоа да се наруши ликвидноста на фондот.

Приказ на видови ризици и оценка на нивно влијание врз Фондот:

Вид на ризик Степен на влијание
Пазарен ризик Среден
Каматен ризик Среден
Кредитен ризик Низок
Ликвидносен ризик Низок
Валутен ризик Низок
Ризик од промена на даночните прописи Низок
Политички ризик Низок
Ризик од промена на регулативата Низок
Ризик од друга договорна страна Низок
Оперативен ризик и Ризик поврзан со чување на имотот на фондот Среден