Информации

Дел од активностите што ги извршува Друштвото во делот на административните работи, согласно Законот ги има пренесено на правното лице Евива Ревизија ДООЕЛ Скопје, а врз основа на добиена согласност од Комисијата за хартии од вредност со Решение број УП1 08-115 од 23.08.2021 година. Друштвото за ревизија и сметководство Евива Ревизија ДООЕЛ, со седиште на ул. Московска бр.1/1-56 во Скопје и со ЕМБС 6650597, овластено е да извршува административни работи кои се однесуваат на водење на деловни книги, сметки и изготвување на финансиски извештаи, во име и за сметка на Друштвото за управување ВЕГА ФОНДОВИ АД Скопје.