Вега Кеш

Доминантно портфолиото на фондот ќе биде составено од ликвидни инструменти кои може во брз рок и без поголеми загуби да бидат ставени на располагање со цел исполнување на обврските на фондот. Инструменти кои ги задоволуваат тие карактеристики се парични средства, депозити со рок на достасување до 1 година. Како дополнување на портфолиото во може да се користат и должнички инструменти кои имаат висока ликвидност и кои може лесно да се претворат во парични средства. Должничките инструменти може да се користат во насока на обезбедување поголем принос за инвеститорите без при тоа да се наруши ликвидноста на фондот.