Вега Свет

Политиката на Фондот е насочена кон вложување во реномирани, т.н. „Blue chips“и „Dividend stocks“ компании со голема и средна пазарна капитализација, со диверзификација на различни географски подрачја и различни сектори. Притоа, структурата на портфолиото на фондот може да варира како резултат на реакција на пазарните околности. При креирање на структурата на портфолиото, друштвото ќе ги има предвид макроекономските и финансиски прогнози и фактори поврзани со различни географски пазари или сектори, како и фундаметнталните показатели поврзани со конкретните компании. Имајќи ги предвид напреднаведените показатели, преку активно управување на портфолиото на дискрециона основа, Друштвото ќе настојува да ги искористи различните фази на економскиот циклус и пазарни состојби во различни географски подрачја и сектори, притоа вложувајќи ги средствата во компании со здрави финансиски показатели.